36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Унгарија не го комплетира чудото, спектакуларно второ полувреме на „Вембли“

Италија благодарение на триумфот над Унгарија, го освои првото место во „групата на смртта“, а Англија без победа во шест кола испадна во Лига Б. Ова е исходот од вечерашните мечеви во групата 3 од Лигата А во Лигата на нациите.

Италијанците по вторпат во овој циклус беа подобри од Унгарија и славеа со 2-0, па Унгарија, која беше прва во пресрет на последното коло, сепак не успеа да го докомплетира чудото и да заврши како прва во групата во која по ждрепката, сите мислеа дека Унгарците ќе бидат убедливо последни.

Последни се Англичаните, кои разочараа, а вечерва дадоа три гола, но не победија против Германија. Сите шест гола во ремито од 3-3, паднаа во второто полувреме. Германија водеше со 2-0, па Англија поведе 3-2, за на крајот да биде 3-3.

Италија е третиот учесник на финалниот турнир, по Холандија и Хрватска, а четвртиот патник во битката за титула ќе се знае утре. Тоа ќе биде Португалија или Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести