Унгарија си ги отежна работите, сега зависат и од други

Ракометната репрезентација на Шведска конечно ги израдува домашните фанови во Малме откако успеа да слави против Унгарија со 23:18. За Викинзите овој меч не решава многу затоа што немаат шанса за место во полуфиналето, но затоа за Унгарците ова е голем кикс.

Во првото полувреме се играше неефикасно и речиси беше гол за гол. Унгарија еднаш имаше водство од два гола (4:2), но на полувреме домаќините водеа со 10:9. Неизвесноста беше до пред крајот на мечот. Беше 18:18 кога Шведска направи серија од 6:0 и стигна до 24:18 за сигурна победа на крајот.

Унгарија и покрај овој пораз, останува со шанси за место во полуфиналето, но сега ситуацијата е покомплицирана. Во последното коло утре, Унгарија треба да победи против Португалија, но и да чека Словенија да загуби од Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести