Репрезентацијата на Унгарија е десеттиот учесник на Европското првенство откако со гол во 97-мата минута дојде до потребниот бод против Бугарија. Херој на Унгарците е бугарскиот репрезентативец Алекс Петков, кој си постигна автогол пред последниот свиреж на судијата.
Се играше последниот напад, а Унгарија имаше слободен удар на околу 35 метри од голот на Бугарија, Собослаи центрираше, а Петков несмасно интервенираше и ја смести топката во својата мрежа за големо славење на Унгарците.
Претходно, Унгарија поведе со 0-1, но следуваше комплетен пресврт на Бугарија, која на крајот не успеа да се одбрани и да го зачува водството.
Резултати:
Азербејџан – Шведска 3-0
Бугарија – Унгарија 2-1
Кипар – Шпанија 1-3
Естонија – Австрија 0-2
Грузија – Шкотска 2-2