31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Унгарките освоија медал по 12 години

Женската репрезентација на Унгарија испиша историја на Европското првенство во ракомет, освојувајќи бронзен медал со победа над Франција од 25-24 во драматичното и неизвесно мало финале во Виена. Ова е прв медал за Унгарките по 12 години, резултат кој ја потврди нивната одлична форма и статус на најпријатно изненадување на турнирот.

На полувремето Унгарките имаа предност од 13-11. Во второто полувреме, Французинките израмнија на 23-23 во 56-та минута, но во финишот Унгарија успеа да стигне до драматичен триумф.

Катри Гита Клубер со 9 голови и Софи Земери со 13 интервенции беа најистакнатите поединки на натпреварот.

Финалниот натпревар меѓу Данска и Норвешка се игра од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести