Навивачите на Ференцварош за време на будимпештанското дерби против Ујпешт, кое со дозвола од владата на Унгарија се играше со публика и без држење дистанца, истакнаа транспарент на кој пишуваше White Lives Matter (Важни се животите на белите) како контра на слоганот Black Lives Matter (Важни се животите на црните), кој е многу распространет низ светот како поддршка во битката против расизмот.
Неколку фанови со маски позираа пред транспарентот за време на мечот кој нивниот тим го доби со 1-0.