Криштоф Милак е нова ѕвезда на светското пливање. Овој 19-годишен Унгарец денеска успеа да постави нов светски рекорд на 200 метри пеперутка, надминувајќи го сега веќе стариот рекорд на легендарниот Американец Мајкл Фелпс.
Фелпс пред 10 години во Рим постави рекорд кој траеше цела деценија, а денеска Милак истата патека во стил пеперутка ја исплива за неверојатни 1.50.73, што е за 78 стотинки подобро време од тоа на Фелпс. Милак е првиот тинејџер по Фелпс кој станал светски шампион.
https://www.youtube.com/watch?v=YdHDwrcvf_8