25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Унгарскиот премиер се пофали дека се обложил на Ференцварош (Видео)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се пофали дека верувал во победа на Ференцварош против Молде, па реши и преку интернет да уплати тикет дека унгарскиот првак ќе го совлада Молде и ќе се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.

Орбан уплати 2.000 форинти, што е околу 5,5 евра. Ференцварош не победи, туку одигра 0-0, но и тој резултат ги однесе Унгарците во ЛШ, па Орбан сигурно не жали што потроши пари во обложувалница. Ференцварош по 25 години пауза, повторно е во европската клупска елита.

- Оглас -

Најнови вести