Унгарските репрезентативци и навивачи не беа тажни по поразот од Италија што ги исфрли од битката за првото место во групата на смртта уште и со Германија и Англија, туку напротив, го прославија второто место на интересен начин.
Двете најголеми ѕвезди кај Унгарците, Адам Салаи и Доминик Собослаи по мечот заедно со познатиот Балаш Џуџак, кој е рекордер со 108 настапи за националниот состав, се упатија во еден бар во Будимпешта, каде [to ги пречекаа со овации.
Фудбалерите возвратија на интересен начин и во улога на шанкери им точеа пиво нa присутните во ноќниот бар.
https://twitter.com/BenBocsak/status/1574687907222147072?s=20&t=sXA6jumJZB3WYf5pnWPjcQ
Унгарија на „Пушкаш арената“ пред 57 илјади гледачи го загуби директниот дуел за првото место со Италија, а Аѕурите славеа со 2:0 и ќе играат за титулата во Лигата на нациите.
Трета во најсилната група од Сегментот А заврши Германија, а Англија е последна и испадна во Сегментот Б.