Унгарците направија лом на трибините на Вембли (Видео)

Унгарските навивачи претераа во радоста при водечкиот гол на „Вембли“ против Англија, па предизвикаа голем инцидент и се тепаа со обезбедувањето и полицијата на култниот стадион.

Роланд Салаи погоди од пенал за Унгарија против Англија во 24-тата минута за предност на гостите од 1:0, но нивните симпатизери фрлија темна дамка на мечот во првото полувреме.

Англија израмни со голот на Џон Стонс во 37-мата минута и резултатот на полувремето во Лондон е 1:1.

- Оглас -

Најнови вести