23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Унгарците заговараат „Балканска лига“, Македонија не е во ниту една комбинација

Унгарските медиуми попладнево пренесуваат информација дека претседателот на Ференцварош, Габор Кубатов, започнал иницијатива за формирање Балканска лига. Веќе се остварени првичните контакти со фудбалските сојузи, но и со дел од клубовите, а се чека и одговор од УЕФА.

Оваа идеја не е нова, најчесто се споменуваше т. н. „југословенска лига“ или проширена Балканска, но овојпат македонските клубови воопшто не се во комбинација, а реално и според квалитетот, но и според финансиите и организацијата, нашите клубови се многу далеку од вакво друштво.

„Ние сме мал пазар од 10 милиони луѓе. Водечките светски екипи располагаат со милијарди евра. Ние имаме буџет само од 50 милиони евра. Тешко ни е да донесеме спонзори бидејќи сме мал пазар, а натпреварите на телевизија се пренесуваат само во нашата земја. Мислам дека сите на Балканот го имаат истиот проблем. Бугарија и Романија го имаат истиот проблем. Чешка и Словачка исто. Ни треба поголем пазар. Решението е во организирање кратки турнири, а најдобрите екипи да продолжат во разигрувањето. Замислете да играме против Црвена ѕвезда, Динамо, Лудогорец, Стеауа, Слован… На тие натпревари би имало подобра атмосфера“, вели Кубатов.

- Оглас -

Најнови вести