Уникат е на турнирот – Кралицата за игра во двојки сака нов пехар на Ролан Гарос, ќе игра во три четвртфиналиња

Барбора Крејчикова приреди вистински подвиг и ќе игра три четвртфиналиња на Ролан Гарос во различна конкуренција. Попладнево во сингл со 6:2, 6:0 ја декласира некогашната шампионка на Отвореното првенство на САД, Слоун Стивенс, и се избори за настап во завршницата, па веднаш замина да се подготвува за настап во мешани двојки.

Крејчикова, која беше тениска кралица во женски двојки и рангирана како број 1 во таа конкуренција во 2018 година во микс, ќе игра со Полашек во четвртфиналето на гренслемот, против Олмос и Кабал од 14.30 часот.

Тенисерката од Чешка се пласира во четвртфиналето и во женскиот дубл на Ролан Гарос, со сонародничката Шинјакова се рангирани како втори носителки и ги чека Чешко дерби за полуфинале против сестрите Каролина и Кристина Плишкова.

Крејчикова трипати по ред победуваше на Отворнеото првенство на Австралија во микс, во 2019, 2020 и 2021 година, а има уште две гернслем-титули во женски двојки, на Ролан Гарос и на Вимблдон во 2018 година.

Сега ѝ е шансата да се обиде да го направи најголемиот успех во поединечна конкуренција, а следна ривалка во сингл натпреварите кај дамите ќе ѝ биде победничката од дуелот меѓу Гоф и Џабир.

 

- Оглас -

Најнови вести