Вест хем ја победи Фиорентина и го освои трфејот во Конференциската лига на УЕФА, што е прв пехар за лондонскиот тим по пауза повеќе од 40 години. Радоста на фановите на Вест хем беше голема, а од фудбалерите посебна причина за славење имаше Емерсон.
Родениот Бразилец кој има италијански пасош и игра за селекцијата на Аѕурите стана првиот фудбалер кој успеал да триуфмира во сите натпреварувања на УЕФА. Емерсон додека беше дел од тимот на Челзи, се радуваше на Лигата на Европа во 2018 година. Две години подоцна со истиот клуб беше на тронот во Лигата на шампионите, а го освои и пехарот во Супер купот на УЕФА.
Како дел од националната селекција на Италија, Емерсон во 2021 година го освои Европското првенство, а од синоќа на успесите е додаден и трофејот во Конференциската лига на УЕФА.