Уникатен предлог само за мечевите кои сезонава треба да се доиграат: Да се дозволат пет измени на меч

Повеќе од еден месец, фудбалерите во домашни услови се обидуваат да ја задржат формата и се во исчекување на одлуката кога повторно треба да се вратат на терен. Јасно е дека калентарот за доигрување на мечевите од домашните првенства ќе биде многу згуснат, посебно ако се знае дека нема да има шампионат кој ќе започне пред почетокот на мај.

Фудбалерите ќе имаат краток период во кој повторно ќе бидат на тренинзи, а потоа и да го започнат пеколното темпо на одигрување на натпреварите. Многумина се плашат дека дел од играчите нема да може да го издржат ритамот, па ќе има и многу повреди.

Тренерот на Сасуоло, Роберто де Зерби даде интересен предлог, а тоа е да се дозволи на мечевите да има по пет измени, како би можеле играчите да останат посвежи и за следните натпревари.

„Најчесто фудбалерите имаат шест неделни подготовки пред да започнат првенствата, а потоа играат еднаш неделно. Сега ќе биде поинаку. Ќе се игра на секои три дена. Мој предлог е да се дозволат пет измени, за да може фудбалерите да ја задржат свежината, а плус и да се задржи квалитетот на теренот. Најважно, мислам дека на тој начин ќе се спречат голем број на повреди“, вели Де Зерби.

Во Италија има да се доиграат дури 12 комплетни кола, плус неколку заостанати мечеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести