1.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Уникатен рекорд на Манчестер јунајтед во Премиер лигата

Манчестер јунајтед со 2:1 славеше на гости кај Евертон, во меч на кој Црвените ѓаволи први примија гол. По само пет минути игра Ивоби ги израдува навивачите на Карамелите, но тоа траеше кратко.

Во 15 минута Ентони погоди за 1:1, а целосен пресврт и водство на гостите донесе Кристијано Роналдо со гол во 44 минута. Роналдо во игра влезе во 29 минута на местото на Марсијал кој се повреди и Португалецот по само 15 минути игра испиша историја. Голот што го даде против Евертон беше јубилеен 700-ти погодок за него во клупската кариера.

Со својот 700-ти гол, Роналдо донесе уште еден јубилеј за Манчестер јунајтед. Најтрофејниот англиски клуб е првиот во Премиер лигата кој стигнал до 100 победи во мечеви на кои прв примил гол.

На оваа листа зад Манчестер следи Тотенхем со 96 победи со пресврт од 0:1, а во Топ 5 на оваа листа се уште и Ливерпул со 85 победи, Челзи 84 и Арсенал со 79 триумфи со пресврт по 0:1.

- Оглас -

Најнови вести