Уникатен случај на примена на новото правило – четири измени одеднаш

Денешниот натпревар од германската втора лига помеѓу Дармштад и Сент Паули, ќе влезе во историјата на фудбалот, бидејќи за првпат на натпревар од ваков ранг, истовремено беа направени четири замени.

Ова се случи во 61-ва минута од средбата од Цвајта. Тренерот на гостите не беше задоволен од негативата од 0-1, па повлече четворица играчи и на нивно место, на терен испрати други четворица фудбалери. Подобро да не го стореше тоа. Сент Паули прими уште три гола, и беше декласиран со 0-4.

ФИФА неодамна дозволи до крајот на 2020 година, секој тим во текот на 90 минути да смее да направи максимум пет измени, наместо стандардните три, но со тоа што не може петпати да се менува по еден играч, туку може да има максимум три прекини во кои би се правеле измените. Можеби наскоро за првпат ќе видиме и пет измени одеднаш.

- Оглас -

Најнови вести