Уникатна освета: Даде гол и на поранешниот тренер му се дереше в лице (Видео)

Напаѓачот на англискиот нисколигаш Њупорт каунти, Кевин Елисон направи нешто што ретко се гледа на фудбалските терени. На дуелот против неговиот поранешен клуб Морекамб, Елисон даде гол во победата од 3:1, а потоа реши да прослави на уникатен начин.

Стрелецот на голот веднаш тргна кон клупата каде штоседеше неговиот некогашен тренер Дерек Адамс и му се развика директно в лице. Причина за ваквиот потег е тоа што се случи пред една година.

Елисон беше член на Морекамб, а тренерот Адамс реши дека 42-годишниот играч нема да му биде потребен и го избрка. Елисон го смени клубот, но не го заборави суровиот потег на неговиот поранешен тренер, па сега дочека да му се освети на многу необичен начин.

https://twitter.com/i/status/1370782702690000907

 

- Оглас -

Најнови вести