За време на дуелот меѓу Манта и Гуајакила во првенството на Еквадор се случи еден необичен момент. Фудбалерот Роберто Тука Ордоњез го постигна првиот гол и ги доведе домаќините до водство, а веднаш по постигнувањето на погодокот, се реши на еден необичен потег.
Стрелецот на голот дојде до трибината која беше празна, влезе, си седна и самиот на себе си даде аплауз за постигнатиот погодок. За жал на домаќините, мечот на крајот заврши 1:1, но потегот на Роберто Тука ќе се памти.
— Out Of Context Fútbol Ecuatoriano (@nocontextfec1) October 24, 2021