Европските шампиони за 2019 година, фудбалерите на Ливерпул, ќе добијат уникатни подароци за успехот во Лигата на шампионите. Компанијата iDesing Gold, која се занимава со изработка на уникатни дизајни за смартфони, ќе им подари на Црвените од „Енфлид“ позлатени смартфони од марката iPhone.
Сите се направени од 24-каратно злато, а нормално, еден примерок ќе добие и менаџерот Јирген Клоп. На задната страна од смартфоните го пишува името и бројот на секој играч, украсено со логото на Лигата на шампионите.