Македонија е апсолутен фаворит за победа во Талин против Естонија во меч од втората група во Сегментот Ц, а двојка типуваат грото од прогнозери што веќе составија своја комбинација за петтото коло во тековната сезона на Спортска прогноза.
Фаворити сме во интересен период во кој играме и мечеви од премиерното издание на Лигата на нации, што сè уште не е завршено, а може да нè однесе на Европско првенство и паралелно и од вториот циклус, како што е мечот со Естонија.
Натпреварите во Лигата на нациите се одвиваат со експресна брзина, откако поради пандемијата со ковид-19, имаше застој за бараж-мечевите за настап на ЕП идната година.
Од сабота продолжуваат мечевите од Втората сезона, а ги има доста и 14 од нив ви ги нудиме за прогнозирање во петтото коло од Спортска прогноза.
Има и неколку дерби-мечеви, а во фокусот секако е пресметката меѓу актуелниот светски првак Франција и сè уште актуелниот фудбалски владетел во Европа, Португалија.
Килијан Мбапе против Кристијано Роналдо, светски против европски прваци во Градот на Светлината, Париз.
За нас секако најинтересно ќе биде во недела на „Ле Кок арената“ во Талин, а за вас останува уште доста време да се приклучите со свои прогнози во петтото коло на Спортска прогноза и да атакувате на прекрасната премија „ајфон 11“.
Играта е бесплатна, лесно можете да се придружите на големата армија меракли за Лигата на нациите и да се обидете да погодите 13 натпревари од основната програма.
Секако, треба да се внимава при прогнозирањето и на двата резервни пара, кои носат важни поени во битката за Генерален пласман. Шампионот над шампионите по завршувањето на сезоната ќе биде награден од Sport Life и Спорт Манија со ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има уште многу награди и поени од СЛ маркетот со широк асортиман на производи по ваш вкус.