УНИКАТНО: Тотенхем е клуб на капитени

Англискиот премиерлигаш Тотенхем може да се пофали со еден податок за кој не може да се пофали ниту еден друг клуб во светот. Екипата од Лондон објави дека во своите редови има осуммина фудбалери кои барем еднаш биле капитени на своите национални селекции. Дел од играчите се стандардни предводници на своите селекции, а дел само повремено ја имаат честа да ја носат капитенската лента.

Дефанзивецот Јан Вертонген е капитен на Белгија, Ерик Дајер е повремен капитен на Англија, каде Хари Кејн е прва опција за предводник на теренот. Кристијан Ериксен е капитен на Данска,Уго Љорис ја предводи Франција, а Серж Орие на Брегот на Слоновата Коска. На Кенија капитен е Виктор Ванјама, а Сон Хунг-Мин е предводник на Јужна Кореја.

Иако сите овие играчи покажале дека заслужено ја носат капитенската лента во националните селекции, сепак кога сите ќе се вратат на клупските обврски, само еден има право на теренот да биде капитен на Тотенхем. Таа чест и привилегија му припаѓа на голманот Љорис, додека негов заменик е напаѓачот Кејн.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1052567435440807937

- Оглас -

Најнови вести