Уникатно: Во Бундеслигата ќе има картонски навивачи! (Фото)

Клубовите во Бундеслигата речиси сигурно ќе се појават на фудбалскиот терен на почетокот на мај. Според најавите, бундеслигашите се договориле да продолжи првенството во мај, но средбите да се играат без присуство на публика.

Германското првенство е најгледано во светот, па сигурно ќе биде необично да се гледа Бундеслигата без публика на трибините. Од Борусија Менхенгладбах го решија и тој проблем со празните трибини да го надминат.

Вкупно 50.000 навивачи ќе може да порачаат своја картонска реплика која ќе биде поставена на столчињата на трибините, па стадионот ќе изгледа како да е полн и како Борусија да игра пред 50.000 навивачи.

„На тој начин ќе станеме првиот клуб кој барем малку ќе го врати животот на трибините, иако навивачите некое време, за жал, ќе мора да бидат надвор од стадионите“, стои во соопштението на фановите на Борусија Менхенгладбах.

Само за 19 евра секој навивач ќе може да нарача своја картонска реплика.

- Оглас -

Најнови вести