Борусија Дортмунд го претрпе првиот овосезонски пораз, на гостувањето кај Унион Берлин Милионерите загубија со 3-1. Актулениот вицепрвак покажа дека има слабост во својот состав против новите прволигаши кои го приредија пријатното изненадување во третото коло од Бунделигата.
Бултер во 22-та минута донесе водство за домаќините, но веќе по три минути резултатот гласеше 1-1 по четвртиот гол за Алкасер сезонава. Во воведните пет минути од вториот дел, Бултер одново го совлада Бурки, а Андерсон во 75-тата минута го постави конечниот резултат.
Екипата од Берлин ја запиша првата победа за оваа сезона, додека Дортмунд по два триумфи направи голем кикс кој може да влијае врз остатокот на нивната сезона.