Со победата од 1-0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, екипата на Унион Берлин се искачи на трето место на табелата и има добри шанси да избори учество во Лигата на шампионите.
Останаа уште пет кола за играње, а Унион има четири бодови предност пред петтиот Лајпциг. Теоретски, берлинци имаат шанса и за титула, Борусија Дортмунд им бега пет, а Баерн Минхен четири бода. Но, и Баварците и Дортмунд играат променливо, па во Берлин може да се надеваат на чудо.