25.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Унион Берлин суспендира фудбалер бидејќи одби да се поздрави со тренерот

Германскиот тим Унион Берлин на седум дена го суспендира својот фудбалер Давид Датро Фофана бидејќи одби да се ракува со тренерот по поразот од Наполи во Лигата на шампионите.

Унион Берлин загуби со 0:1 од Наполи, а Фофана по натпреварот помина покрај тренерот Урс Фишер, кој му пружи рака, и одби да се ракува.  Тој во следните седум дена ќе тренира одвоено од првиот тим и нема да биде во комбинација на саботниот натпревар против Вердер во Бундеслигата, како ниту за дуелот со Штутгарт во Купот на Германија кој ќе се игра во вторник.

Фофана бил лут бидејќи беше заменет во 70-тата минута и поради тоа одбил да се поздрави со својот тренер.

Кристијан Арбајт, портпаролот на Унион Берлин, изјави дека Фофана им се извинил на тренерот и на спортскиот директор за неговата постапка, а Фишер порача дека се надева дека фудбалерот ќе извлече поука од инцидентот.

„Гестот не беше намерен и на ниту еден начин не го претставува мојот став. Станува збор за фрустрација бидејќи сакав да останам на теренот и да му помогнам на тимот да оствари позитивен резултат“, изјави Фофана.

- Оглас -

Најнови вести