Унионистисте го поздравија Кралот – Реал патува во осминафиналето на Копа дел Реј

Реал Мадрид имаше доста мака да го скрши отпорот на жилавиот третолигаш Унионистас од Саламанка, но на крајот победи со 3:1 и ќе игра во осминафиналето на шпанскиот клуб.

Клучниот момент на мечот се случи во 62-рата минута, кога домаќините си постигнаа чуден автогол, а Реал поведе со 2:1. Потоа и Дијаз беше прецизен, па Реал ќе го чека следниот противник во популарниот Копа дел Реј.

Понатаму оди и Валенсија со победа од 1:0 против Логронес, Вилјареал ја победи Жирона со 3:0, Реал Сосиедад со 2:0 славеше против Еспањол, а и Тенерифе ќе ја чека ждрепката по триумфот од 2:1 против Валјадолид.

Продолженија се играат на дуелот меѓу Бадалона и Гранада, додека претходно со многу мака Барселона го елиминираше третолигашот Ибица, а Атлетик со многу среќа на пенали го елиминира Елче.

- Оглас -

Најнови вести