Изминаа малку повеќе од два месеци од смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, кои го загубија животот во трагична хеликоптерска несреќа заедно со уште седум луѓе. Лос Анџелес, САД и речиси целиот свет со денови тагуваше за прерано згаснатиот живот на еден од најдобрите кошаркaри во историјата, а за да му оддадат последна чест во Градот на Ангелите се појавија доста урбани уметнички дела со ликовите на Коби и Џиџи.
Еден од нив е уништен за да се испрати порака околу Коронавирусот. Се нашол некој „паметен“ да го уништи уметничкото дело со цел да напише: „Седи дома, животот е убав“, сосема непотребно ако се знае дека луѓето веќе се дома и се придржуваат до препораките за изолација.