Уништен теренот на стадионот во Мајорка, уапсени шест лица (Фото)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кога ќе се врати во Мајорка, ќе го пречека непријатно изненадување кога ќе види во каква состојба е теренот на кој шпанскиот второлигаш ги игра своите мечеви како домаќин.

Рано утрово полицијата приведе шест лица, од кои две малолетни, за незаконски влез на стадионот и уништување на теренот на кој игра Мајорка.

Според полицијата која дошла брзо откако се вклучил аларм, малолетниците влегле во едно клупски комбиња и почнале да се возат по теренот на „Сон Мои“, што може да се потврди и од трагите кои се оставени. Објавени се неколку фотографии на кои се гледа дека теренот е во лоша состојба, а овие лица кои влегле, направиле дополнителна штета.

- Оглас -

Најнови вести