Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку важни одлуки. Како што беше најавено, разрешен е селекторот на У21, Драган Канатларовски, а на негово место е назначен актуелниот тренер на Работнички Горан Станиќ.
Од Управниот одбор на ФФМ се повлече досегашниот потпретседател лазар Ракиџиев. Најдобриот македонски судија Александар ставрев кој неодамна ја делеше правдата на својот последен меч и замина во „фудбалска пензија“, сега е назначен за нов претседател на судиската комисија на местото на Димитар Мечкаровски.
јосип Бартон е новиот претседател на Комисијата за делегирање во која се уште и Џенам Хајдари и Злате Илиевски. Тргната е и суспензијата на ОФМ Струмица.