Уaпсен фудбалер на Борнмут – Ѝ личел на полицијата на убиецот што го бараат

Холандскиот репрезентативец Арно Груневелд, кој игра за англискиот премиерлигаш Борнмут бил упасен по грешка непосредно пред да се воведе карантинот во Англија.

Играчот кој е роден во Нигерија, но настапува за Холандија и заличел на полицијата на убиецот што го бараат и дури и бил уапсен. По куса расправија со полицајците и објаснувањето на 23-годишниот напаѓач на Борнмут дека го погрешиле човекот, Груневелд бил пуштен. Ова се случувало на 16. март непосредно пред да букне пандемијата со Ковид-19 во Англија и да биде прогладен задолжителен карантин.

„Ме посрамотија пред многу луѓе. Дел од нив се исплашија од акцијата на полицијата, а дел застанаа и ме фотографираа. Прашав зошто ме апсат, но реагираа агресивно. Почнав да се расправам со нив и откако сфатија дека погрешија се повлекоа. Не си тој што го бараме беше одговорот по кусото и непотребно малтретирање“, изјави Груневелд, играч што има два настапи за холандската репрезентација.

Тој ја игра првата сезона во Англија, откако лани од Бриж пристигна во редовите на Борнмут. Имаше и проблеми со повреда, па настапи на само 9 меча сезонава, што ќе ја памети и по хоророт што го преживеа со апсењето во март, за среќа без последици.

 

- Оглас -

Најнови вести