Уплашената тенисерка го здогледа „демначот“ на трибините и не можеше да престане да плаче (Видео)

Британската тенисерка Ема Радукану доживеа стресен момент за време на мечот од второто коло на ВТА-турнирот во Дубаи против Каролине Мучова. Во еден момент Радукану здогледа еден маж на трибините, се повлече од теренот и почна да плаче.

Од ВТА објаснија зошто тенисерката толку се вознемирила. Се работи за човек кој ја демнел од претходно и затоа Радукану се вознемирила.

„Во понеделникот, на 17 февруари, на јавен простор кон Ема Радукану се доближил човек кој покажал „опсесивно однесување“. Таа иста личност се појави во првите редови на трибините за време на нејзиниот меч, па луѓето од обезбедувањето мораа да реагираат. Нашиот приоритет е безбедност за играчите. Ема и целиот нејзин тим ја имаат целата поддршка од нас“, стои во овбјаснувањето од ВТА.

Кога го здогледа човекот кој не сакала да го види, Радукану веднаш замина кај судијката да ѝ објасни што се случило. Мечот накратко беше прекинат, а луѓето од обезбедувањето го отстранија човекот од трибините. Поранешната освојувачка на гранслем-турнирот во САД продолжи да игра, но загуби со 7:6 (6) и 6:4.

- Оглас -

Најнови вести