Вардар по долго време се враќа таму каде што припаѓа, а тоа е арената „Тодор Проевски“. А денешната средба против Лихнидос Охрид од 15 часот во рамките на 19-то коло од втората лига север е дополнително „зачинета“.
Натпреварот го имате во понудата на Sport Life, а победата на Вардарци е вреднувана со 1.30, додека тие што сметаат дека на Арената ќе има голови, може да одиграат и 3+ за што ќе добијат квота од 1.79.
На Вардар му е потребна победа со цел да остане во борбата со Воска спорт и Силекс за влез во првата лига, а во моментов „црвено-црните“ се на треттото место со 34 бодови, пет помалку од Воска.
Денеска се игра и еден натпревар од првата лига, каде што лидерот Шкупи ќе го пречека Работнички во Чаир (15 часот), во меч од 23-то коло.