Брајтон – Челзи (среда, 13:30 ч.)
На Челзи сезонава му е подобро да игра на гости бидејќи освои повеќе кога не игра на „Стемфорд бриџ“. За Брајтон главна цел е да се обезбеди опстанок, па затоа логично е дека гостите се фаворити.
Традицијата вели дека Челзи ги добил последните пет меча со Брајтон, а лондончани секогаш давале барем по два гола. Брајтон на 11 од последните 13 меча сезонава барем еднаш ја затресе противничката мрежа, па затоа може да се очекува интересен меч на стартот на 2020 година во Премиер лигата.
Предлог тип: ГГ3+ (1.98)
Њукасл – Лестер (среда, 16 ч.)
Лестер игра одлично сезонава, но сепак не може да парира на лидерот Ливерпул. Лисиците есеноска убедливо со 5:0 го победија Њукасл, а на почетокот на сезоната го елиминираа и во Лига Купот. И традицијата е на страна на Лестер, кој се радувал на осум од последните 10 средби со овој ривал.
Њукасл дома игра солидно, но во последниот меч од 2019 година ги разочара своите фанови и загуби од Евертон. Двете екипи играат офанзивно и се очекуваат погодоци.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.76)
Саутхемптон – Тотенхем (среда, 16 ч.)
Саутхемптон е вториот најслаб тим на домашен терен само со осум освоени бода во 10 меча. Одбраната на домаќините е очајна и во просек прима 2,5 погодоци на средба. И Тотенхем не може да се пофали со некој добар биланс на гости, па има 10 бода во 10 дуели.
Традицијата вели дека на последните осум меча секогаш двете екипи давале гол, а само еднаш не било ГГ3+. Тоа е доволен знак дека погодоците и овојпат нема да недостасуваат.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)
Манчестер сити – Евертон (среда, 18:30 ч.)
Актуелниот првак е голем фаворит, но факт е дека Евертон по доаѓањето на тренерот Карло Анчелоти, игра многу подобро. Карамелите имаат три победи и две ремија во последните пет меча во Премиер лигата. Сити ги доби последните четири меча против овој ривал и сега со три бода ќе ги задржи шансите да се бори со засега неприкосновениот Ливерпул во трката за титулата.
Евертон на гости има шест порази во 10 меча, а Сити пред своите навивачи победи шест пати во 10 дуели.
Предлог тип: 1&3+ (1.62)
Арсенал – Манчестер јунајтед (21 ч.)
Шлагот за првиот ден од 2020 година е со дербито во Лондон меѓу Топчиите и Манчестер јунајтед. Желбата на двете екипи е да се заборави 2019 година и Новата година да ја започнат со победа.
Арсенал има четири порази по ред на свој терен, што не им се случило никогаш во претходните 60 години. Манчестер игра многу неконстантно, па затоа на гости може да го победи Манчестер сити, а потоа и да загуби од Ватфорд.
Предлог тип: 1+I & 2+ II (2.45)