Упорно шутираше и промашуваше, играч на Задар испали 11 тројки и ниедна во кош (Видео)

Синоќа на натпреварот од АБА-лигата помеѓу Задар и Мега се случи нешто што ретко се гледа на кошаркарските терени.

Босанскиот интернационалец Амар Гегиќ, кој е еден од најдобрите играчи на Задар, веројатно испиша историја на јадранската лига, но во негативна смисла. Гегиќ против  Мега имаше 11 обиди за тројка, а не погоди ниту еден. Или го погодуваше обрачот, или топката ја фрлаше во „бунар“, а во последната секунда имаше очајнички обид да донесе изедначување од голема далечина, но беше изблокиран.

Гегиќ уфрли 13 поени, имаше и по пет скока и асистенции, но неговите утки во шутевите за три поени му пресудија на Задар, па белграскиот тим славеше победа од 68-65.

- Оглас -

Најнови вести