Управата го брка Суарес од „Камп ноу“, а не Куман

Роналд Куман во телефонски разговор му соопштил на Луис Суарес дека нема ништо против да остане во Барселона и во новата сезона, но дека не се прашувал само холандскиот стратег, известуваат шпанските медиуми.

Наводно, Куман не е тој што сака да го види Суарес како заминува од „Камп ноу“, туку управата, која повеќе не сака да му ја исплаќа високата плата на Уругваецот. Доколку Суарес остане во редовите на шпанскиот вицерпвак и во новата сезона одигра најмалку 60% од првенствените натпревари, автоматски ќе му се продолжи договорот за уште една сезона според клаузулата.

Токму поради тоа раководството сака да се ослободи од искусниот голгетер, но за да се случи тоа Суарес побарал да му се исплати предвидената заработка за последната година од неговиот договор.

Големи се шансите Суарес да остане во клубот бидејќи и Меси претходно одлучи да ја прекине сагата и да го испочитува договорот. Во меѓувреме, шансата да се пресели во редовите на Јувентус и натаму е отворена, што значи дека Суарес ќе го има последниот збор.

- Оглас -

Најнови вести