Управниот одбор на ФФМ побара отчет од претседателот Сејдини

Вкупно 10 од 16-те членови на Управниот одбор при Фудбалска федерација на Македонија се потпишани на барањето да се свика итна седница на УО на ФФМ. Безмалку две третини од членовите на УО бараат од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, во најбрз рок да закаже седница на УО.

Во своето барање образложуваат дека: „во изминатиов период се случија неколку активности на Фудбалската федерација на Македонија за кои ние како членови на УО на ФФМ не сме информирани и не сме координирани околу ставовите и одлуките на Федерацијата, иако како членови на ова тело на Федерацијата обврска ни е да носиме заеднички одлуки и ставови. Поради тоа што веќе подолго време немаме одржано седница на УП на ФФМ, ние како долупотпишани членови на овој орган на Федерацијата денеска имавме заедничка средба на која излеговме со следните заклучоци и барање кон Вас како претседател на ФФМ“, стои во дел од барањето на членовите на УО.

- Оглас -

Најнови вести