Поранешниот италијански репрезентативец, Грацијано Пеле, вчера објави заедничка фотографија со сопругата во која на своите фанови им ги честита божикните и новогодинешните празници, но наместо честитки, доби пораки со сочувство.
Имено, младите фудбалски фанови наместо на официјалниот профил на Едсон Арантес до Насименто Пеле, кој почина вчера, тие пораки со сочувство пишуваа на профилот на Грацијано Пеле.
„Денеска кругог е затворен. По Марадона, уште еден сенатор замина на небото. Сеа замислувам како горе заедно ги ја додавате топката, како се смеете и зборувате за тоа кој е подобар“, гласи една од пораките.
„Греши секој што зборува дека Марадона е подобар од Пеле. Последен поздрав, кралу“, пишува во другата порака.
Но, не грешеа само младите Италијанци, Грацијано Пеле доби поради и од Англија.
„Почивај во мир. Мој најомилен играч на Саутемптон“.
Едсон Арантес до Насименто Пеле почина вчера на 83 години губејќи ја борбата со тешката болест, додека Грацијано Пеле има 37 години и во кариерата има настапувано за Лече, Парма, Феенорд, АЗ, Саутемптон, Шандонг и 20 пати го носеше дресот на италијанската репрезентација.