Ураган повторно го „стресе“ Њујорк

Каролина хурикејнс има 2-0 во полуфиналната серија од Истокот против Њујорк Ајлендерс, откако ноќеска со 2-1 победија и во вториот меч на гостувањето во „Големото Јаболко“. Серијата сега се сели во Каролина, а во следните два меча имаат шанса пред свои навивачи да најават „метла“ за Островците и да се најдат во борба за големото финале и борба за Стенли Купот.

Њујорк поведе во 14-тата минута од првиот период преку Барзал, а откако немаше голови во втората третина, гостите запнаа во последните 20 минути и напорот им се исплати. Потребно им беше помалку од една минута за да го свртат резултатот во своја корист, а Фогели и Нидерејтер ја донесоа победата за Каролина.

За израмнување на 1-1, се избори Колорадо аваланш на второто гостување кај Сан Хозе шаркс по победата од 4-3. Колорадо преку пресврт избегна втор пораз, па сега серијата се сели на нивно тло каде ќе имаат предност во следните два меча.

Домаќините отворија преку Кејн во воведните минути од првата делница, а потоа Аваланш постигна три гола за кои Сан Хозе немаше одговор. Брнс се обидуваше да го одржи во игра својот тим, но неговите два погодоци не беа доволни за Ајкулите.

- Оглас -

Најнови вести