Неверојатно возбудлив меч одиграа репрезентациите на Словенија и Франција, каде што Словенците на крајот победија со 88:82 предводени од неверојатниот Лука Дончиќ.
Првата ѕвезда на Словенија постигна неверојатни 47 поени, од кои 27 беа дел во првото полувреме и со тоа ја водеше својата селекција до првото место во групата Б каде на крајот имаат девет бодови.
Овие 47 поени се рекордни во поновата историја на Евробаскетот, додека на вечната листа се под број два. Единствено Еди Терас од Белгија е пред Лука, кој во 1957-та година постигнал 63 поени против Албанија.
Со оваа победа, како што кажавме Словенија е првопласирана, без оглед на тоа што ќе направи Германија против Унгарија бидејќи имаат подобар меѓусебен скор.
Франција во моментов е под број два, додека како што кажавме, Германија има седум но и меч помалку, а ист број на бодови има и Литванија. Петтопласирана е Босна и Херцеговина со исто така седум бода, но нема да патува понатаму исто како и Унгарија.