Победникот на азиската Лига на шампиони, Урава од Јапонија е третиот полуфиналист на Светското клупско првенство кое се одржува во Саудиска Арабија, откако изненадувачки славеше над мексиканскиот Леон со 1-0.
Единствениот гол на мечот, кој значеше и победа за јапнците беше дело на холандскиот интернационалец, Алекс Шалк, во 78-мата минута.
Со оваа победа Урава си закажа полуфинале против првиот фаворит на првенството, Манчестер сити. Во второто полуфинале директно е пласиран Флуминенсе, кој за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Ал-Итихад од Саудиска Арабија и Ал-Ахли од Египет.