Јон Уријарте убедливо ги доби изборите за претседател на Атлетик Билбао што автоматски значи дека Ернесто Валверде ќе биде нов тренер на клубот од Баскија.
Во трката за претседател на познатиот шпански клуб беа и Ињаки Арехабалета и Рикардо Баркала.
Интересно е што како нова опција за кормилар, ако победат, Валверде го најавија и Уријарте и Баркала, додека третиот кандидат Арехабалета објави дека ако тој биде избран за претседател на клубот од Билбао на клупата ќе биде Марсело Биелса.
ÚLTIMA HORA | Jon Uriarte gana con holgura las elecciones y será nuevo presidente del @AthleticClub a falta de confirmación oficialhttps://t.co/VS0yMD4XCj
— GOAL España (@GoalEspana) June 24, 2022