27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Урива рекорди во забави: Нејмар организира петдневна Новогодишна забава во Рио

Првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар џуниор, моментално паузира од клупските обврски и се наоѓа во родниот Бразил. Од таму медиумите известуваат дека Нејмар организира петдневна забава во својот дом во Рио, на која треба да присуствуваат околу 500 гости.

Забавата почна вчера, а ќе трае до 31 декември, односно Нејмар во голем стил ќе ја дочека Новата 2021 година. Иако со ова прави хаос и се најде на удар на критики што Нејмар ќе биде покрај толкава толка за време на пандемијата со корона-вирусот, тој се погрижи забавата да помине во најдобар ред.

Нејмар има подземна дискотека во својот дом во Рио, во која е поставена звучна изолација за да не им пречи на соседите. Ангажирани се бројни диџеи, додека за 5.000 евра дневно Нејмар ја изнајмил соседната куќа каде што цело време ќе свири бенд.

Секако, постојат и строги правила по кои гостите ќе треба да се придржуваат. Забрането е користење на мобилни телефони, поточно не смее фотографирање и снимање, како и објавување на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести