12.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Врескање од радост кое фановите на Новак го чекаа со месеци (Видео)

Новак Ѓоковиќ покажа силни емоции на стартот на АТП купот, покажа дека натпреварувачкиот тенис му недостасува и со голем жар играше за репрезентацијата на Србија против Канаѓанецот Денис Шаповалов. Ѓоковиќ победи со 7-5, 7-5, а кога го освои првиот сет, се радуваше како да освоил некој од најголемите турнири на светот.

Подоцна првиот светски рекет се појави на терен и во игра во двојки, каде што заедно со Филип Крајиновиќ победија против Раониќ и Шаповалов, за триумф на Србија од 2-1. Поенот за Канада го донесе Милош Раониќ против Душан Лајовиќ.

Србија ја брани титулата на АТП-купот, а Ѓоковиќ потврди колку му значи ова натпреварување:

https://twitter.com/i/status/1356428351326605315

- Оглас -

Најнови вести