Урнебес, обезбедувањето нема поим кој е Надал и му бара да се легитимира (Видео)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал моментно е прв на листата на играчи со освоени најмногу гренслем-титули, има 22, една повеќе од Новак Ѓоковиќ, и е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но тоа не поминува кај луѓето од обезбедување.

Надал неделава настапува на последниот Мастерс турнир од серијата 1000 годинава кој се игра во Париз, а одејќи на тренинг, доживеа вистински шок.

Имено, човек од обезбедувањето, кој дефинитивно не е тениски фан, го запре Надал и му побара да се легитимира.

„Кој сте вие“, праша човекот од обезбедувањето, а Надал беше во шок мислејќи дека некој се шегува со него.

Но, кога виде дека ситуацијата не е баш јасна, кратко одговори:

„Рафаел Надал“, по што доби дозвола да влезе во салата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести