Урнебес: Шек му зборуваше српски на Јокиќ, но му кажа погрешни зборови (ВИДЕО)

Шекил О’Нил своевремено беше најдоминантниот кошаркар во НБА-лигата, а по пензионирањето, се префрли на анализирањето на натпреварите.

Тој доста често пред ТВ-екраните знае добро да се пошегува, а додека разговараше со Никола Јокиќ, тој се обиде да му каже нешто на српски јазик.

Навистина е тешко да се преведе што кажа Шек, кој сакаше да каже: „Имаше одличен натпревар“, а од сето тоа на крајот се разбра само „велика душа“.

Србинот само се насмевна и потоа му соопшти на Шек дека му кажал дека не му е точно тоа што го кажа.

Инаку Јокиќ на средбата против Лос Анџелес клиперс постигна 30 поени во победата на неговиот тим Денвер нагетс од 127:115.

- Оглас -

Најнови вести