Урнебесен коментар на Пандев кога ги виде шишињата со „кока-кола“ (Видео)

Кристијано Роналдо, кој покрена лавина реакции во светот откако пред прес-конференција ги тргна двете шишиња од спонзорот на ЕП, компанијата „Кока-Кола“, и порача да се пие вода, потоа донесе и многу слични потези како оној на Погба, кому му пречеше пивото, но и смешни реакции како таа на Јармоленко, кој побара од спонзорите да му дадат уште сокови.

На социјалните мрежи во Македонија се појавија шеги дека струмичанецот Горан Пандев треба да стави „струмка“ на местото на „кока-кола“, па тој реши да се пошегува пред почетокот на пресот во Амстердам.

„Да ги тргнеме овие Кока-колите, и да ставиме Струмка“, искоментира Пандев со насмевка на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести