Урнебесен одговор на Дончиќ по историскиот натпревар: Сакам пиво (Видео)

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, испиша историја во НБА-лигата во победата на неговиот тим над Њујорк никс од 126:121.

Неверојатниот Словенец оствари неверојатен трипл-дабл од 60 поени, 21 скок и 10 асистенции. Тој стана првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој остварил трипл-дабл со 60 поени и 20 скока.

„Никогаш во животот не сум видел вакво нешто“, изјави Марк Кјубан, сопственик на Далас.

Очекувано, честитки за неверојатната партија доаѓаат од сите страни, а Дончиќ по натпреварот имаше само една желба, пиво.

„Уф колку сум уморен, ова е пекол. Сега ми е потребно пиво за да закрепнам“, изјави Дончиќ по натпреварот.

https://twitter.com/i/status/1607954636388052992

 

- Оглас -

Најнови вести