Урнебесен одговор на поплаките на Чави: Понесете си Нивеа и крема за сончање (Видео)

Екипата на Барселона во последните две кола во Ла Лига не успеа да слави, дури не постигна ниту гол, а тренерот Чави Ернандес по ремито на гостувањето кај Хетафе, изнесе неколку причини за слабата партија на неговите фудбалери.

„Навикнати сме да играме без сонце во вечерните часови. Тренираме и се подготвуваме како за да играме на сува трева. Овој пат тоа не беше случај и тревата навистина ни пречеше, но да бидеме искрени, таа беше иста за двете екипи. Мунир дури не можеше да ја шутне топката“, се правдаше Чави по второто реми по ред без голови.

Одговорот дојде од тренерот на Хетафе и тој стана хит на социјалните мрежи.

„Не игравме на песок или на земја, тревата е прекрасна и е еднаква за двата тима. Тие тревата на својот стадион ја косат ниско и така создаваат услови кои им одговараат најдобро за нивниот стил на игра. Сега игравме во услови кои за нас беа најдобри и не ги прекршивме правилата. Сонцето им сметало? Па за тоа постојат Нивеа и крема за сончање“, изјави тренерот на Хетафе, Кике Санчес Флорес.

 

- Оглас -

Најнови вести