Рускиот тенисер Карен Хачанов, на комичен начин опиша како се подготвува за денешниот четвртфинален натпревар со Новак Ѓоковиќ на турнирот во Дубаи. Хачанов на „Твитер“ објави слика на која има негова слика во седум различни пози низ целиот терен.
„Ова е мојата тактика за мечот со Ѓоковиќ“, напиша Хачанов, кој е свесен дека мора да го има насекаде ако ска да го изненади првиот светски рекет.