Урнебесен совет за Ноле: Стави си сомбреро на глава и преку Рио Гранде ќе влезеш во САД

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, нема да настапи на првите два турнири од серијата Мастерс 1000, што треба да се играат во САД и тоа во Индијан велс и во Мајами, но на социјалните мрежи добива урнебесни совети како илегално да влезе во земјата.

Дури на 11-ти мај ќе престане да важи забраната која ја донесе Белата куќа и ќе им биде дозволен влез во САД и на лицата кои не се вакцинирани. Мастерсот во Индијан велс ќе се одржи од осми до 19 март, а тој во Мајами од 22-ри март до 2-ри април и тоа значи дека Ѓоковиќ нема да може да настапи на нив.

Голем број на американски тенисери го кренаа гласот поради одлуката на Белата куќа, а двајца сенатори од Флорида му пишаа на претседателот Џо Бајден да му дозволи на Новак да влезе во САД и засега нема одговор од Белата куќа. Затоа Ѓоковиќ на социјалните мрежи добива луди идеи како да влезе во САД.

Една од нив е уникатна и му се препорачува да ја искористи порозната граница на САД со Мексико.

„Ѓоковиќ само треба да стави сомбреро и да ја помине реката Рио Гранде, таму не треба да докажува дали е вакциниран“, напиша еден фан на Твитер.

 

- Оглас -

Најнови вести