Урнебесна грешка на „извеаниот“ Бледсо (Видео)

Плејмејкерот на Милвоки бакс, Ерик Бледсо, го привлече вниманието врз себе не само затоа што даде 20 поени, туку и поради една кардинална грешка на дуелот со Лос Анџелес клиперс.

Бледсо ја доби топката од судијата и требаше да изведе аут, но наместо тоа, се занесе и „мртов-ладен“ започна акција со тапкање на баскетот во терен како некој друг негов соиграч да го извел аутот. Навивачите во Лос Анџелес почнаа да се смеат, а судијата топката им ја додели на домашните.

За среќа на Бледсо, оваа грешка не влијаеше на конечниот резултат и Елените извојуваа победа.

- Оглас -

Најнови вести